Тој ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ и, како што рече, можеби е пресвртница во соработката
По кандидатирите на Шведска и Финска, експертите го поставија прашањето дали тоа ќе биде поттик и другите воено неутрални земји да направат таков чекор -Швајцарија, Австрија, Ирска, Малта и Кипар
Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија, и НАТО, но и дека членството на неговата земја во западната воена алијанса не е опција и не треба да се разгледува.
„Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика,“
изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО.
Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.
Тој ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ и, како што рече, можеби е пресвртница во соработката.
Тој посочи дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.
„Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика“,
рече Нехамер.
Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.
„Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. „Н“ во името на НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност“,
нагласи тој.
Турција непосредно пред почетокот на Самитот се согласи да ги поддржи кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО, отворајќи го патот за членство на двете земји во Алијансата.
Трите земји пред два дена потпишаа заеднички меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО. Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде.
По кандидатирите на Шведска и Финска, експертите го поставија прашањето дали тоа ќе биде поттик и другите воено неутрални земји да направат таков чекор -Швајцарија, Австрија, Ирска, Малта и Кипар.