Инцидентот во собраниската Комисија за европски прашања кој се случи пред два дена, а во кој претседателот на Комисијата, Арбер Адеми почна да фрла предмети по пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, претседателот на Собранието Талат Џафери го оцени како немил настан, но оти инцидентот не бил предизвикан од Адеми туку од оние, како што рече, кои отидоа на говорница и го искорнаа микрофонот
Претседателот на Собранието Талат Џафери коментирајќи го последното случување од пред два дена во Комисијата за европски прашања рече, дека не го оправдува однесувањето на претседателот на оваа Комисија Арбер Адеми, меѓутоа, според него, немилиот настан бил испровоциран.
„Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собрание, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место“,
рече Џафери, додавајќи дека инцидентот не го предизвикал Адеми, туку, како што рече „тие кои отидоа на говорница и кои го искорнаа микрофонот“.
Џафери посочи дека никој не треба да се однесува на овој начин, ниту власта ниту опозицијата и упати порака случувањата во Комисијата за европски прашања да не се повторуваат и да не се случуваат, а како што додаде, нема да се случуваат ако никој не ги испровоцира.
„Ова е Законодавен дом тие се пратеници и имаат индвиидуална одговорност, тоа се прописите“,
рече Џафери, додавајќи дека настанот треба да се гледа во целина, а не само во „исечоци“.
Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата.
Поврзани вести:
- (ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ го обвини Арбер Адеми за насилство и навреди во Собранието
- (ВИДЕО) Нова снимка од инцидентот, летаа шољи, тацни и пластични шишиња во македонското собрание
- ВМРО-ДПМНЕ за конфликтот во Собранието: СДСМ И ДУИ предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денеска го реализираат
- СДСМ за инцидентот: ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот
- ДУИ со осуда на насилството во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство за да го заштитат криминалот
- Џафери свика координација по повод инцидентот во Собранието – претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците не дојдоа
- Стојаноска за вчерашните случувања во Собранието: Арбер Адеми под итно да си поднесе оставка