Во моментов максималните казни за секое од овие кривични дела се 14 години затвор
Британските возачи кои ќе предизвикаат сообраќајни несреќи со смртни последици ќе се соочат со доживотен затвор кога ќе стапат на сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот кои стапуваат на сила на 28 јуни.
Судиите ќе можат да изречат доживотна казна затвор за лицата кои предизвикуваат несреќи со смртни последици, како и доколку возеле под дејство на алкохол и дрога, јавува Би-би-си.
Во моментов максималните казни за секое од овие кривични дела се 14 години затвор.
„Одговорните за сообраќајните несреќи со смртни последици ќе се соочат со доживотна казна затвор зад решетки. Премногу животи се изгубени поради несовесно возење“,
изјави британскиот министер за правда Доминик Раб.
Со промена на законот, возачите кои ќе предизвикаат сообраќајна незгода со тешки или трајни повреди ќе се соочат со построги казни.
Предложените измени првпат беа претставени во 2017 година, а ќе стапат на сила во вторник, 28 јуни.
Промените ќе важат во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност во сообраќајот.