Некогашните блиски соработници експремиерот Љубчо Георгиевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, се сретнаа на конгресот на СДСМ.
Бошкоски, кој беше советник во Владата на Зоран Заев и е лидер на Обединети за Македонија, и Георгиевски, кој е на чело на ВМРО-Народна, се меѓу гостите на конгресот на кој владејачката партија треба да ги утврди кандидатите на коалицијата.
Според досегашните информации, од коалициските партнери на СДСМ места во добитните комбинации на листите се обезбедени за НСДП и за ЛДП.
НСДП оди со досегашните пратеници Горан Мисовски, веројатно во првата ИЕ и Соња Мираковска во 4 ИЕ. Не е исклучено Мираковска да бие во тандем со Заев. Оливер Спасовски во двојката ќе оди веројатно со Сања Лукаревска, во тројката со Љупчо Николовски можно е да биде Јагода Шахпаска. Во игра за едно од вторите места е и Мила Царовска во 1 ИЕ. ЛДП номинира нови имиња на листите Моника Зајкив и Боби Мојсовски. (А.М.М.)