Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите
Од утре, Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција.
Од ЈСП објавија дека времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите.
По барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре, а се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.