Како што соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести, пациентот од почеток на приемот бил во изразито тешка состојба и бил сместен на одделот за интензивно лекување, на респораторна поддршка, односно механичка вентилација
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека на Клиниката за инфективни болести заклучно со денешниот ден се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 се со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за сомнителни
Уште еден смртен исход е регистриран во земјава како последица на вирусот на западнонилска треска, со црниот биланс од епидемијата се искачи на вкупно пет лица, соопшти попладнево директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Во изјава за медиумите, тој рече дека станува збор за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и повеќе други придружни болети кои предонеле за неповолен исход.
Како што кажа Цана, одговарајќи на новинарско прашање, починатиот е од населбата Долно Лисиче во Општина Аеродром, која е една од скопските општини во кои е прогласена епидемија на западнонилска треска.
Според него, пациентот на Клиниката за инфективни болести бил хоспитализиран вкупно 22 дена.
„Од почеток на приемот тој беше во изразито тешка состојба и беше сместен на одделот за интензивно лекување и беше на ресопираторна поддршка, односно на механичка вентилација“,
изјави Цана.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека на Клиниката за инфективни болести заклучно со денешниот ден се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 се со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за сомнителни.
„Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст“,
кажа тој.
Во одговор на новинарско прашање околку возраста на пациентите, директорот кажа дека меѓу хоспитализираните на Клиниката е и помладо лице на возраст од 25 години.
Сепак, како што информира тој, сите пацинети што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст.
Она што е битно, доадде тој, е дека вкупниот број на излекувани и испишани пациенти од Клиниката изнесува 19 лица.
Прашан дали вкупниот број на лица кај кои е потврден висрусот на западнонилска треска, како што информира вчера министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Клиниката за инфективни болести изјави дека тој не може да ги каже тие бројки, бидејќи тие се координираат меѓу Министерството за здравство, Инситутот за јавно здравје како и други здравствени установи.
„Јас можам да тврдам само за актуелниот број на пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести“,
додаде тој.
Цана појасни дека на Клиниката за инфективни болести се примаат пациенти со невроинвазивни форми на болеста, додека, како што рече, 80 отсто од потенцијално инфицираните пациенти се или асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.
„На Клиниката за инфективни болести, сите овие пациенти за кои цело време зборуваме се еден отсто од вкупно инфицираните пациенти кај кои напреднатата возраст е клучен ризик фактор и кај сите пациенти е потврдена невроинфазивна форма на болеста западен нил. Секаде каде што имаме засегање на нервниот систем се работи за нервноинвазивна форма. Кај сите овие пацинети кои се хоспитализирани кај нас имаме потврдено акутно воспалени на мозокот и на мозочните обвивки. Дали се работи за помлад или за постар, кај сите овие пациенти коишто се хоспитализирани на Клиниката е потврдена таа невроинвазивна форма, но помладите пациенти, нормално според сите студии, според сите досегашни статистики, од нашето искуство, па и во светот е дека полесно ја поминуваат болеста“,
изјави Цана.
