Полицијата во Албанија со метална ограда и црвена лента ја забарикадира Инфективната клиника во Тирана, каде што се сместени таткото и синот заразени со коронавирус.
Ваква мерка е преземена за да се спречат граѓаните или роднините на овие лица да пристапат до клиниката.
Во исто време персоналот на Институтот за јавно здравје на Албанија ги дезинфицирал деловните простории на заразените.
Видеото може да го погледнете на следниот линк.