Русија ќе продолжи да ги развива и да ги зајакнува своите вооружени сили поради потенцијални воени закани и ризици, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Ќе продолжиме да ги развиваме и да ги зајакнуваме вооружените сили, земајќи ги предвид потенцијалните воени закани и ризици, а врз основа на лекциите од современите вооружени судири. Ќе ја унапредиме нашата борбена сила“,
рече Путин во своето обраќање пред кадетите од воените средни училишта.
Тој додава и дека властите ќе продолжат да ги снабдуваат воените трупи со нови системи на вооружување, пренесува РИА новости.
„Меѓу приоритетите е и воена опрема со нови системи за вооружување, со кои ќе се одреди борбена ефикасност на војската и морнарицата во наредните години и децении“,
истакна Путин.