Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува БГНЕС, може да дојде до промени
Бугарското собрание денеска ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде расправата за гласање недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.
Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува БГНЕС, може да дојде до промени.
ГЕРБ, која е подносителот на барањето за гласање недоверба, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа.
Владејачката партија има вкупно 115 гласа – Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН.
Гласањето ќе биде утре (22-ри јуни), но доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за в четврток. За да биде изгласана недоверба се потребни гласовите на 121 пратеник.
Гласањето за недоверба на кабинетот на Кирил Петков го поднесе пратеничката група на ГЕРБ на 15 јуни, а како причина го наведе „неуспехот на владата во финансиската и економската политика“. Тогаш поддршка за гласањето изразија претставници на Има таков народ (ИТН), ДПА и Преродба.
Во четвртокот ГЕРБ, ИТН, ДПС и Преродба заедно гласаа за смена на претседателот на Народното собрание Никола Минчев од функцијата.
Во петокот вечерта ГЕРБ предложи расправата да се одржи на вонредна седница во недела, а гласањето да се одржи во понеделник. Во тоа време, заменик-претседателот на парламентот Атанас Атанасов од Демократска Бугарија ја обвини опозицијата дека брза да спречи повеќе пратеници од ИТН да ја напуштат пратеничката група и да гласаат за владата.
Во понеделникот повеќе пратеници на ИТН ја напуштија партијата со образложение дека „мафијата упаднала во ИТН“.
БГНЕС јавува дека за денеска се закажани единаесет протести. Од една страна парламентот ќе протестира за поддршка на кабинетот, а од друга – против него.

Протестите, според известувањата, се за три дена – од вторник, 21 јуни, кога ќе се водат дебатите во пленарната сала, до четврток, 23 јуни, кога најверојатно ќе се гласа за недоверба на владата.
Од општина Софија, велат дека пет од известувањата се доставени од здруженија и политички партии. Тоа се движењето на политичките партии „Да Бугарија“, партијата „Преродба“, Бугарското национално движење ВМРО, Здружението „Толеранција“ и националното движење „Кан Кубрат“, а останатите 6 се поднесени од различни поединци.
Наведените цели на протестните настани се: против смената на Никола Минчев, за поддршка на владата на Кирил Петков, против кабинетот на Кирил Петков и барање за оставка на владата, за европска Бугарија без мафија, против високите цени на горивото, за компензација за високите цени на енергијата, заштита на бугарскиот национален интерес во Македонија.
Поради тоа што известувањата се за протести околу зградата на Народното собрание, а дел од настаните се спротивставени, општина Софија и Управата за внатрешни работи на Софија најавуваат мерки за физичко раздвојување на спротивставените групи.

Како што објавува БГНЕС, денеска, на јужната страна од зградата на Народното собрание, надвор од безбедносната зона, ќе има протести против владата на Кирил Петков, а на северната страна од зградата на Народното собрание, надвор од безбедносната зона, ќе има протести за поддршка на владата на Кирил Петков.
Утре, на јужната страна од зградата на Народното собрание, надвор од безбедносната зона, ќе има протести за поддршка на владата на Кирил Петков, а на северната страна на зградата на Народното собрание, надвор од безбедносната зона, протести ќе има против владата на Кирил Петков.