Претседателот на СобраниетоТалат Џафери денеска се сретна со премиерката на Финска, Сана Марин. Џафери истакна дека Северна Македонија ја цени поддршката на Финска во областа на евроинтеграциите и нејзиниот принцип дека билатералните проблеми со Република Бугарија не треба да бидат пречка за процесот на интеграцијата, соопштија од Собрание.
За време на средбата, Џафери истакнал и дека со Финска споделуваме исти политички определби и имаме многу добри односи, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Тој потврдил и дека Северна Македонија ги поддржува аспирациите на Финска за членство во НАТО и ја потврди подготвеноста на Собранието да го ратификува Пристапниот Протокол за членство на Финска во НАТО што е можно поскоро.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ја изрази и желбата за унапредување на односите во сите области и изрази спремност за подигнување на парламентарните односи на ниво на претседатели на Парламенти, на пратенички групи и други форми на меѓупарламентарна соработка.
„Премиерката на Финска изрази задоволство што е во посета на Северна Македонија и ја пофали посветеноста и доследноста на земјата во спроведувањето на реформите и напорите за поскоро започнување на пристапните преговори. Таа ја повтори поддршката на Финска во тој контекст. Што се однесува до пристапувањето на Финска во НАТО, премиерката Марин го истакна единството на народот и политичките елити на Финска по ова прашање и решеноста на Владата да во преговори со Турција ги отстрани сите пречки за полноправно членство, се вели во соопштението“,
се вели во собраниското соопштение.
На крајот двајцата соговорници ја потврдиле спремноста на двете земји кои ги споделуваат истите демократски вредности, да работат заедно во решавањето на актуелните предизвици на континентот и за една подобра иднина.