Полицијата синоќа изврши контроли во повеќе угостителски објекти, при што кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода.
„Ноќта на 16 кон 17 јуни полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода“,
соопшти МВР.
Кај А.Д. (23), А.Д. (31) и Т.И. (28), сите од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј. (20) од Скопје, В.З. (35) од Косово, Г.М. (37) од Скопје и А.К.К. (45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана.
Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираа од МВР.