Францускиот предлог за кој зборува Иванов, како што претходно јавија бугарските медиуми, се очекува денеска да биде доставен до Бугарија, а утре премиерот Кирил Петков да го достави во парламентот
Лидерот на партијата Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, го оцени како успех за Бугарија францускиот предлог за давање европски гаранции за исполнување на бугарските услови за Северна Македонија.
Според него, тоа станало јасно на вчерашното сослушување на министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, во бугарскиот парламент.
„Бугарија ќе ја пропушти можноста за добар договор што го прави француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор е дека ќе има обврска Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во Уставот како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство. И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство“,
вели Иванов, пренесува БНР.
Францускиот предлог за кој зборува Иванов, како што претходно јавија бугарските медиуми, се очекува денеска да биде доставен до Бугарија, а утре премиерот Кирил Петков да го достави во парламентот.