Пендаровски му се заблагодарил на Пахор и за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид се сретна со словенскиот претседател Борут Пахор, во рамките на „Преспа форумот за дијалог“, кој од 16 до 18 јуни се одржува во Охрид, информираат од Кабинетот на претседателот.
„На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство кое оваа година свечено беше одбележано по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија“,
велат од кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски го поздравил и формирањето на новата влада во Словенија истакнувајќи убеденост дека ќе продолжи стратегиското партнерство меѓу двете земји.
Тој се заблагодарил и за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ.

„Приоретизирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда“,
истакнал Пендаровски за време на средбата, информираат од неговиот Кабинет.