Десегодишното девојче од велешкото село Бањица, кое вчера беше пријавено за исчезнато, е пронајдено мртво во водите на реката Мала Речица. Станува збор за Ешуриме Беќирова по која се трагало со часови, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По исчезнатото девојче трагал тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес, а на копно биле ангажирани припадници на СВР Велес и на Територијалната противпожарна единица.
Веста ја потврди и градоначалникот Горан Стојановски, кој изрази сочувство до семејството.
„По вчерашното исчезнување во селото Бањица околу 9 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на мала река и по вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото. Голема загуба за граѓаните на Општина Чашка, училиштето Тодор Јанев во населбата Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството“,
напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на Фејсбук.