Посетата на Макрон, Шолц и Драги се подготвува со недели, а таа ќе се случи еден ден пред Европската комисија да го усвои мислењето за Украина за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ
Оваа недела Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека се плаши оти тројцата лидери ќе сакаат да извршат притисок врз Киев да прифати мировен договор поволен за рускиот претседател Владимир Путин
Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Италија, Марио Драги, денеска се очекува да пристигнат во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори со тековната руска инвазија.
Посетата на Шолц, Макрон и Драги се подготвува со недели, а таа ќе се случи еден ден пред Европската комисија да го усвои мислењето за Украина за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ.
Францускиот претседател вчера во Романија изјави дека е време Европа да ја увери Украина во нејзината европска перспектива.
„Дојдовме до точка кога ние како Европејци мора да испратиме јасен политички сигнал до Украина и нејзиниот народ, кој херојски дава отпор“,
рече тој.
Киев ги критикува Франција и Германија, а во помала мера и Италија, за одложување и неуспехот да ја обезбеди бараната помош испраќајќи оружје и ставајќи го својот просперитет на прво место, наместо слободата и безбедноста на Украина.
Оваа недела Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека се плаши оти тројцата лидери ќе сакаат да извршат притисок врз Киев да прифати мировен договор поволен за рускиот претседател Владимир Путин.