За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто
На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави МИА од Атина.
За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто.
Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти.
Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина.
Во овој период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 проценти, од вкупно 556 948 лабораториски тестови (ПЦР и рапид), наспроти 4,88 отсто пред една седмица.