Претседателот на Европскиот совет во Охрид ќе учествува и на „Пртеспа форумот за дијалог“ кој ќе се одржува од утре – 16 јуни до 18 јуни
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре доаѓа посета на Република Северна Македонија.
Негов домаќин ќе биде претседателот Стево Пендаровски кој ќе го пречека во вила „Билјана“ во Охрид, каде што ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Мишел, кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот „Преспа форум за дијалог“ што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни во организација на Владата.
Форумот ќе го отвори претседателот Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво, според најавите, ќе говорат и претседателите на Слованија, Борут Пахор, на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Косово, Вјоса Османи-Кадриу и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Пред да ја посети земјава, претседателот на ЕС, Мишел, беше во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
FOTO: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET
