Кластерот 3 кој Србија очекува да го отвори се однесува во преговорите со Унијата се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст
Министерката за евроинтеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави нејзината земја нема да го отвори кластерот 3 од преговорите со ЕУ поради неусогласеност со рестрикциите кон Руската Федерација.
Зборувајќи за претстојниот самит на ЕУ на 23 и 24 јуни на крајот од француското претседателство, таа рече дека идејата била на него да се види дали може да се направи чекор напред, пред сè, за Северна Македонија и Албанија во однос на отворањето на преговорите
„Што се однесува до нас, ние сме целосно подготвени за отворање на кластерот 3 – конкурентност и инклузивен раст, меѓутоа јасно е дека нема да го отвориме во јуни токму поради неусогласувањето со режимот на рестриктивни мерки. Не сум многу оптимист ниту што се однесува до другите, но има време до крајот на годината, нè очекуваат многу предизвици – енергетска, прехранбена и секаква друга криза што мораме заедно да ја решаваме и затоа е важно Србија да биде цврсто на европскиот пат“,
рече Јоксимовиќ за РТС.
На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност.