Силна поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот

На десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Како што соопштија оттаму, Маричиќ посочил дека е силна поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес.
Покрај за дијалогот помеѓу Скопје и Софија тие зборувале и европската перспектива на целиот Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.
„Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата“,
рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ.
Тет-а-тет средбата со Вархеји, вицепремиерот ја одржа во рамки на неговата дводневна посета на Брисел.