Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина и украинскиот народ во војната со Русија.
Во интервју за германската телевизија „ЗДФ“, Зеленски рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси помеѓу Украина и односите со Русија, пренесува Би-би-си.
„Од канцеларот Шолц ни е потребна сигурност дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да донесат одлука, не може да има компромис помеѓу Украина и односите со Русија“,
порача украинскиот лидер.
Германскиот канцелар ја бранеше Германија од обвиненијата дека нема да биде испорачано оружјето кое и беше ветено на Украина.
Како што рече Шолц, пред модерното оружје да биде испорачано во Киев, украинските војници мора да поминат обука за како да го користат.