Гувернерот на оваа област додава и дека жителите кои останале во градот преживуваат во исклучително тешки услови
Сите три мостови кон градот Северодонецк се уништени во конфликти со руските сили, соопшти регионалниот гувернер Серхи Хејдеј, пренесуваат тамошните медиуми.
„Иако руските сили не го заземаа целосно овој град, сите мостови кои водат до регионалниот центар се уништени, па поради тоа евакуацијата на жителите и превозот на роба се оневозможени“,
вели гувернерот.
Според него возилата не можат да поминуваат, а повеќе нема начин ниту за пристигнување на хуманитарна помош до Северодонецк.
Тој додава и дека жителите кои останале во градот преживуваат во исклучително тешки услови.
Покрај тоа што Хејдеј изјави дека мостовите се срушени, возилата не можат да поминуваат и дека е невозможно да се донесе хуманитарна помош до овој град, тој сепак во изјава за медиумите демантираше дека Северодонецк е во целосна контрола на Русија.
Сепак, истакнал дека руските трупи навистина контролираат поголем дел од градот, но ги негираше тврдењата на самопрогласената Народна Република Луганск дека Северодонецк е под целосна руска контрола.
„Дел од градот се уште е под контрола на украинските бранители. Ако имаа целосна контрола немаше да умираат и руски војници таму“,
нагласил Хејдеј.