Бројот на активни случаи во моментов во земјава изнесува 399. Најголем дел од новозаразените се во Скопје, односно 262. Следна е Битола со 37 ковид-позитивни. Во Штип во моментов има 14 лица заразени со коронавирус, а во Охрид 11. Во Радовиш, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Пехчево, Дојран во моментов нема ниту еден активен случај на ковид
Во изминатите три дена направени се се 1 640 теста, а регистрирани се 69 нови случаи на ковид-19 од кои девет се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по 1.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Битола – 9, Тетово – 6, Дебар – 4, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес, Охрид, Кичево и Струга – по 1.
Во текот на изминатите три дена (од 10 до 12 јуни) не е пријавено ниту едно починато лице, ниту, пак, според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.
Бројот на активни случаи во моментов во земјава изнесува 399.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147 374, Активни 262
Куманово 16 685, Активни 8
Битола 15 719, Активни 37
Прилеп 14 222, Активни 5
Тетово 13 488, Активни 10
Кавадарци 10 698, Активни 9
Велес 9 802, Активни 4
Гостивар 9 616, Активни 10
Охрид 8 940, Активни 11
Штип 8 083, Активни 14
Струмица 8 080, Активни 4
Кичево 5 653, Активни 2
Кочани 5 101, Активни 6
Струга 4 730, Активни 2
Гевгелија 4 425, Активни 1
Неготино 3 700, Активни 2
Ресен 2 751, Активни 1
Свети Николе 2 637, Активни 2
Радовиш 2 531, Активни 0
Крива Паланка 2 419, Активни 1
Делчево 1 986, Активни 1
Берово 1 693, Активни 2
Дебар 1 681, Активни 3
Валандово 1 488, Активни 0
Виница 1 395, Активни 1
Пробиштип 1 267, Активни 0
Богданци 1 021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0