При засилена акциска контрола на територија на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената што се спроведе во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 265 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 123 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 88 други видови прекршоци.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“.
наведуваат од МВР.
