Градот Белград доби анонимна електронска порака во која се наведува дека непознати сторители поставиле бомби во градското собрание на Белград, објави на Фејсбук заменик-градоначалникот Горан Весиќ
Во Собранието на град Белград и во четири белградски општини стигнале дојави за поставените бомби, напиша на Фејсбук заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ. Тој соопшти дека објектите се евакуираат, по што ќе следи увид.
„Градот Белград доби анонимна електронска порака во која се наведува дека непознати сторители поставиле бомби во градското собрание на Белград и во општините Земун, Нов Белград, Чукарица и Палилула“,
објави Весиќ.
Тој додаде дека полицијата ги блокирала сите згради, а во тек е евакуација на вработените, по што ќе следи проверка на специјализирраните единици.
Со ова продолжува серијата дојави за бомби која трае неколку месеци во Србија и каде досега цел беа училишта и трговски центри.
Сите дојави се покажаа како лажни, а анализите укажаа дека тие доаѓаат од Полска, Гамбија, Словенија, Украина, Русија.