Очигледно дека и на нас останува да го вратиме (тоа што е руско) и да ја зајакнеме земјата, рекол Путин по посетата на изложбата во чест на Петар Велики
Рускиот претседател Владимир Путин за време на оддавањето почит на царот Петар Велики (владеел од 1682 до 1725 г.) по повод 250-годишнината од неговото раѓање, направи споредба со тогашните руска војна за „враќање“ на руските територии со инвазијата што денес ја право Русија врз Украина.
„Петар Велики ја водеше големата северна војна на 21-годишна возраст. На некому можеби му се причинува дека бил во војна со Шведска, дека одзел нешто од нив. Ништо не им зел, туку си го врати“,
рече Путин по посетата на изложбата посветена на царот.
Потоа, веднаш ја направи паралелата со денешните случувања и ситуацијата на неговата земја.
„Очигледно дека и на нас останува да го вратиме (тоа што е руско) и да ја зајакнеме земјата. Ако тргнеме од фактот дека тие темели вредности се темелите на нашето постоење, сигурно ќе успееме да ги решиме проблемите кои се пред нас“,
рече Путин.
Рускиот претседател, исто така, порача и дека Западот неколку години нема да може да стане независен од руските гас и нафта, како и дека руските компании нема да се затворат.
„Понудата на нафта на пазарот опадна, цените растат, профитите на компаниите растат“,
вели Путин.