Кривокапиќ рече дека одлуката формално ја донеле црногорската Влада и дел од Министерството за надворешни работи , како и дека за одлуката бил информиран и премиерот Абазовиќ
Шефот на црногорската дипломатија, Ранко Кривокапиќ, денеска изјави дека со забраната за прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Црна Гора ги почитувала обврските што ги презела и оти таквата одлука била неизбежна.
Црна Гора, исто како и Северна Македонија и Бугарија не дозволија прелетување на авионот на Лавров поради што беше откажана неговата посета на Србија.
Кривокапиќ во денешната изјава истакна дека е изненаден од бурните реакции на ваквата одлука, додавајќи дека Лавров можел да стигне до Белград со воз, бидејќи возовите не се забранети на релација Белград-Москва.
Одговарајќи на новинарско прашање кога и кој ја донел одлуката за забрана на прелет, Кривокапиќ рече дека одлуката формално ја донеле црногорската Влада и дел од Министерството за надворешни работи и дека за одлуката бил информиран и премиерот Дритан Абазовиќ.
Photo: EPA-EFE/EDUARDO MUNOZ / POOL
*Поврзани вести:
- Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров
- МНР: Барањето за прелет на авионот на Лавров е одбиено бидејќи постои општа владина одлука за забрана на летови за руски авиони
- Ако Лавров дојдеше во Белград, под прашање ќе беше одржувањето на Отворен Балкан во Охрид, вели Османи
- Вучиќ незадоволен поради причините што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград
- Лавров за евентуален одговор на забраната за прелет на неговиот авион: Русија нема да направи ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето
- Рогозин на Твитер се заканува со нуклеарна ракета по одложувањето на посетата на Лавров на Србија
- Вучиќ за (не)доаѓањето на Лавров: Ваква хистерија одамна немам видено