Рама посебно се осврна на поврзувањето на регионот со помош на проектот „Син коридор“ кој има за цел да го поврзе Балканот од најсеверниот дел на Хрватска со Грција
Албанскиот премиер Еди Рама во пресрет на вечерашното отворање на дводневниот самит на членките на „Отворен Балкан“ во Охрид рече дека реализацијата на тој голем проект е од витално значење и дека подразбира имплементација на четирите основни европски слободи на Западен Балкан – движењето на стоки, луѓе, капитал и услуги.
„Овие четири слободи на движење се она што е од витално значење за нас, она што е од витално значење за безбедноста во овој регион и што е важно за мирот и решавањето на конфликтите во овој дел од Европа“,
рече премиерот на Албанија.
Рама посебно се осврна на поврзувањето на регионот со помош на проектот „Син коридор“.
„Проектот ‘Син коридор’ има за цел да го поврзе Балканот од најсеверниот дел на Хрватска со Грција, кој исто така поминува низ Албанија“,
рече тој.
Тој нагласи дека за проектот е потребна помош од Европската Унија, пред се Црна Гора бидејќи, како што посочи, ако црногорскиот сегмент остане недоволно развиен, тогаш се губи дел од овој коридор.
„Ние сме во напредна фаза на ‘Синиот коридор’. Изградбата е во тек, другите сегменти се во завршна фаза на меѓународен тендер и во овој трет мандат ќе ги видиме плодовите на ова големо градилиште“,
потврди Рама.
Во фокусот на дводневниот самит во Охрид ќе бидат културата и туризмот.
На самитот ќе учествуваат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, а свое учество најави и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Ковачевски, Рама, Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Денеска и утре во Охрид ќе се одржи дводневен самит на иницијативата „Отворен Балкан“, во чиј фокус ќе бидат културата и туризмот.