Нејасно е како американските власти ќе ги запленат авионите со оглед дека не се во САД. Но, со ваквата одлука во иднина ќе се отежнат меѓународни патувања со тие авиони
Федералниот суд во Њујорк дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина се наведува кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД.
Станува збор за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари. Авионите се во сопственост и под контрола на рускиот милијардер и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.
Американскиот суд обвинува дека двата авиона во март се увезени во Русија од трети земји. „Боингот“ сега се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, а „Гулфстримот“ е во Русија.
Сепак, медиумите пишуваат дека е нејасно како американските власти ќе ги запленат авионите со оглед дека не се во САД. Но, со ваквата одлука во иднина ќе се отежнат меѓународни патувања со тие авиони.
Покрај заплената, американските власти побараа и парична казна за сопственикот.
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN