Во однос на Србија, САД ја повикаа земјата да ја намали зависноста од руските енергенси и да ја усогласи надворешната политика според принципите на ЕУ
Се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор, вели портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прашање на „Гласот на Америка“ за недозволувањето од страна на Северна Македонија, Црна Гора и Бугарија за прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој требаше да ја посети Србија.
Според Прајс, одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.
„Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“,
рече Прајс, пренесува „Гласот на Америка“.
САД, рече тој на брифинг во Стејт департментот, ја повикуваат Србија да ја намали и зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усогласи надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ.
*Поврзани вести:
- Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров
- МНР: Барањето за прелет на авионот на Лавров е одбиено бидејќи постои општа владина одлука за забрана на летови за руски авиони
- Ако Лавров дојдеше во Белград, под прашање ќе беше одржувањето на Отворен Балкан во Охрид, вели Османи
- Вучиќ незадоволен поради причините што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград
- Лавров за евентуален одговор на забраната за прелет на неговиот авион: Русија нема да направи ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето
- Рогозин на Твитер се заканува со нуклеарна ракета по одложувањето на посетата на Лавров на Србија
- Вучиќ за (не)доаѓањето на Лавров: Ваква хистерија одамна немам видено