Но, колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, вели Ахмети
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 кажа дека неговиот имот е ист како и пред 20 години и за тоа колку пари кружат во неговото семејство порача да ја прашаат неговата сопруга бидејќи тој не се занимава со економијата на семејството.
„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“,
рече Ахмети.
На прашањето зошто не одговори сега во студио, тој одговори:
„Не знам. Кога ме прашуваш колку е цената на зејтинот, не знам бидејќи од сопругата слушам: цените растат, не растат, толку чини ова, брашното е толку, а било онолку. Јас не се занимавам со ова работа. Но, колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален. Зборувајте со банките, правете го тоа транспарентно“.