Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К. (37)
Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К. (37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување деца во Битола.
Како што информираат од МВР, вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом.
По документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.