Освен С Македонија, и Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет поради што Лавров, како што јави Ројтерс повикувајќи се на извор во руското МНР, ја откажал посетата
Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопштија денеска од МНР објаснувајќи ги причините за одлуката што не е дозволено авионот со требаше да патува рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да го прелета воздушниот простор на С Македонија, на пат кон Србија.
Македонското Министерството за надворешни работи вчера потврди за Радио Слободна Европа дека Северна Македонија го одбила барањето на руската амбасада да го искористи воздушниот простор на земјата за летот на Лавров.
Барањето на руската амбасада било упатено и покрај фактот што Северна Македонија на 28 февруари воведе санкции за Русија по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.
Освен С Македонија, и Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет поради што Лавров, како што јави Ројтерс повикувајќи се на извор во руското МНР, ја откажал посетата.
Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со тоа затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова нагласувајќи дека Москва не е таа што гради нова „железна завеса“, туку Европа е таа која ја оградува Русија.
Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“ рече дека овие земји не дозволија прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија.