Еден од пратениците Греам Брејди најави дека 15 отсто од пратениците бараат да му се изгласа недоверба на премиерот
Во случај пратениците да му изгласаат недоверба на Џонсон, тој ќе биде сменет од премиерската функција
Британскиот Парламент денеска ќе гласа недоверба за актуелниот премиер Борис Џонсон.
Еден од пратениците, Греам Брејди, најави дека 15 отсто од пратениците бараат да му се изгласа недоверба на премиерот поради што гласањето ќе се организира денеска во текот на денот.
„Во согласност со правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за недоверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштение ќе биде објавено во догледна иднина“,
изјави Брејди.
Претходно, министерот за здравство Саџид Џавид навести дека Џонсон може да се соочи со гласање денеска, иницирано од незадоволните пратеници од Конзервативната партија која тој ја предводи.
Во случај пратениците да му изгласаат недоверба на Џонсон, тој ќе биде сменет од премиерската функција.