Ројтерс се повикува на извор во руското МНР иако засега нема официјална изјава од руските власти
Како причина се наведува тоа што околните земји како С Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на Лавров во нивниот воздушен простор
Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија беше откажана откако околните земји го затворија својот воздушен простор за неговиот авион, изјави извор од руското Министерство за надворешни работи за новинската агенција Интерфакс, пренесува Ројтерс.
Изворот го потврди пишувањето на српските медиуми кои наведуваат дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требало да го превезе рускиот дипломат во Белград.
„Нашата дипломатија допрва треба да ја совлада телепортацијата“,
рекол изворот на кој се повикува Ројтерс.
Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија го забранија летот на руски владини авиони преку нивниот воздушен простор, пред најавената посета на Лавров на Србија, објави Спутник, што за медиумите го потврди и портпаролката на МНР Марија Захарова.
„Одбивањето на голем број европски земји да дозволат прелет на авионот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Србија е показател за комплекс на политичка инфериорност“,
изјави претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Григориј Карасин, за РИА Новости.
Closed airspace forces cancellation of Russian foreign minister’s visit to Serbia – Ifax cites source https://t.co/EBYHTdPSNV pic.twitter.com/2VQwhCCs9r
— Reuters (@Reuters) June 5, 2022
Амбасадорот на Русија во Црна Гора, Владислав Маслеников, за Спутник потврди дека Подгорица им забранила на руските владини авиони да летаат низ црногорскиот воздушен простор.
Претходно руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова потврди дека Бугарија одбила да обезбеди воздушен коридор за рускиот владин авион.
Од Министерството за надворешни работи во Скопје за Радио Слободна Европа потврдија дека Северна Македонија го одбила барањето на руската амбасада да се прелета авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ воздушниот простор на земјата.
Руското Министерство за надворешни работи засега нема официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.
-Нашата дипломатија се уште не ја совладала телепортацијата, изјави изворот од руското МНР.
Руското Министерство за надворешни работи засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.
Српската радио-телевизија синоќа објави дека посетата на шефот на руската дипломатија на Белград е неизвесна, а премиерката Ана Брнабиќ претходно дента за ТВ Пинк кажа дека ситуацијата во врска со посетата е „исклучително комплицирана“.