Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека ќе има последици доколку на Украина ѝ се испорачаат ракети со долг дострел.
Тој за руските медиуми истакна дека Русија ќе гаѓа нови мети доколку Украина се снабди до ракети со долг дострел, но не ги наведе целите.
„Во случај на испорака на ракети со долг дострел на Украина, Руската Федерација ќе извлече заклучоци и ќе ги гаѓа објектите кои се уште не биле цел“,
посочи Путин.
Претседателот на САД, Џо Бајден, минатата недела одобри на Украина да и се достават ракети со долг дострел.
„Поаѓаме од фактот дека ова снабдување од САД и некои други земји е поврзано со компензација за загубата на воена опрема, тука нема ништо ново и не се менува ништо суштински. Има и најави за набавка на артилериско оружје. Очигледно, зборуваме за обнова на тоа што беше изгубено и уништено за време на непријателството“,
нагласи Путин.