Во меѓувреме бугарските медиуми објавија и дека Генчовска ќе ја посети и Битола, каде утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“

Во Скопје денеска започна состанокот помеѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска, кој следува откако утринава беше најавено дека шефицата на бугарската дипломатија ќе присуствува во земјава денеска и утре.
Во најавата за нејзината посета не беа откриени многу детали, освен фактот дека посетата е иницирана од Бујар Османи и е во насока на продолжување на дијалогот за отворените билатерални прашања меѓу двете земји.

Во меѓувреме бугарските медиуми објавија и дека Генчовска ќе ја посети и Битола, каде утринава беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“.
Овој чин го осуди и претседателот Стево Пендаровски, а бугарската потпретседателка Илијана Јотова истакна дека тоа е дел од „антибугарската кампања во С Македонија“.
Генчовска за време на својата посета на Битола се очекува да разговара со претставници на здружението во Битола.