Данските лидери тврдат дека регионалната безбедносна ситуација е променета и дека тоа е покана за Данска да соработува поблиску со ЕУ за одбранбените прашања
Данците денеска на референдум ќе се изјаснуваат за укинување на 30-годишното изземање од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ.
Данска е единствената членка на ЕУ што има вакво изземање, но, како и нејзините соседи, Шведска и Финска, ја преоценува својата безбедносна политика откако Русија ја почна војната против Украина, јавува Би-би-си.
Според извештаите, анкетите на јавното мислење покажуваат дека Данците поддржуваат поблиски европски одбранбени врски, а резултатот може да влијае на нивната воена иднина, иако земјата е веќе дел од одбранбената алијанса на НАТО.
Данските лидери тврдат дека регионалната безбедносна ситуација е променета и дека тоа е покана за Данска да соработува поблиску со ЕУ за одбранбените прашања.
„Со цело срце верувам дека мора да гласаме ‘за’. Во време кога треба да се бориме за безбедноста во Европа, треба да бидеме пообединети со нашите соседи“,
рече премиерката Мета Фредериксен за време на телевизиската дебата.
Изземањето на Данска од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ во пракса значеше дека таа не е поканета на состаноци, има мало влијание и не може да учествуваат или да финансира какви било воени операции, наведува Би-би-си.