Повеќе од 4 000 цивили се убиени за време на војната во Украина, соопшти Канцеларијата за човекови права на Обединетите Нации (ОН).
Според ОН, досега во Украина се убиени 4 113 цивили, меѓу кои 264 се деца. Во соопштението се додава дека речиси 5 000 луѓе биле повредени, главно за време на гранатирање или воздушни напади.
Во регионите Доњецк и Луганск, според ОН, загинале 2 337 луѓе, а 2 808 се повредени.
Во соопштението се потенцира и дека реалниот број на загинати е веројатно многу поголем.