Според обвинителите, при гранатирање во кое учествувале тие била уништена образовна установа во градот Дергачи, но немало човечки жртви
Украински суд осуди двајца руски војници на 11,5 години затвор поради гранатирање град во источниот дел на Украина.
Тоа е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари.
Пресудата за војниците Александар Бобикин и Александар Иванов следува откако минатата недела се изјаснија за виновни.
„Вината на Бобикин и Иванов целосно е докажана“,
изјави судијата Евген Болибок.
Според обвинителите, при гранатирање во кое учествувале тие била уништена образовна установа во градот Дергачи, но немало човечки жртви.
Двајцата војници, опишани како возач и стрелец, биле заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирање. Обвинителите бараа затворска казна од 12 години, а одбраната наведе оти двајцата извршувале наредби и се покајале.
Со првата пресуда за воено злосторство во Украина, 21-годишен руски војник доби казна доживотен затвор поради убивање невооружен цивил.
Фото: Архива / EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE