Ова е трет ваков оружен инцидент во САД во изминатите десетина дена по Бафало и Хјустон
Пет лица се повредени, од кои тројца во критична состојба, по оружениот инцидент што се случи синоќа во северниот дел на Филаделфија, соопшти американската полиција.
Едно лице е уапсено, а полицијата потврди дека е поврзан со пукањето и дека е пронајдено оружјето, но се уште не се знае мотивот за насилството.
Насилството се случило околу 19.30 часот по локално време, на еден километар од Универзитетот Темпл, објави „Филаделфија Инквајер“.
Маж (28) бил погоден 14 пати со огнено оружје, а девојка (20) седум пати.
Повредениот со приватно возило бил префрлен во универзитетската болница и е во тешка состојба, а во животна опасност е и девојката.
Ова е трет ваков оружен инцидент во САД во изминатите десетина дена. Првиот беше во Бафало, кога најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука во саботата.
Вториот беше во Хјустон.