Поради дојавите за лажни бомби во трговски центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош
Дојавите за бомби во училишта, трговски центи и аеродроми во Србија, кои се случуваат изминатиот месец, се окарактеризирани како тероризам, објави Нова.рс.
Утрово на адресите на повеќе од 90 училишта во Србија, но и на белградски деловен центар, како и на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, пристигнаа вакви дојави кои по проверките е утврдено дека се лажни.
Според неофицијални информации, пријавите биле окарактеризирани како кривично дело тероризам. Одделот за високотехнолошки криминал кој вообичаено се занимава со идентични случаи е подготвен да му даде секаква помош на Обвинителството за организиран криминал.
Официјалните институции сè уште не се огласија за случајот.
Оваа состојба е зачестена во изминатите недели, а речиси секој ден пристигнуваат извештаи за поставени бомби.
Поради дојавите за лажни бомби во трговските центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош.