Ова е втор оружен инцидент во САД за неколку дена
Две лица загинаа, а три се повредени во пукање на пазар во Хјустон, САД, соопштија локалните власти.
Инспекторите сметаат дека меѓу оние што пукале вчера околу 13 часот е и еден од повредените, а на самото место се уапсени уште двајца осомничени.
Илјадници луѓе биле на пазарот што се наоѓа на 22 километри северно од центарот на Хјустон во моментот кога се слушнале неколку истрели од два пиштоли.
Не е познато која била причината за пукањето, а било наведено дека сите пет напаѓачи биле мажи на возраст од околу 20 години.
Ова е втор оружен инцидент во САД за неколку дена.
Најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука во саботата во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.