Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1 : 3, значи дека имате ризично работно место
Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1 : 3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија.
Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.
Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порачува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Како што истакнува претседателот на ССНМ Павле Беловски во видео честитката, ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, а четворица немаше ниту да имаат постојано вработување.
„Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која почна 1886-тата и продолжува“,
вели Беловски.