Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.
И утре, особено во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
