Српскиот министер за образование додаде оти училиштата и полицијата реагирале соодветно и брзо, a учениците и вработените во училиштата биле безбедни, јави дописникот на МИА од Белград
Утринава во 23 училишта во Белград по пат на електронска пошта пристигнале дојави за поставени бомби, за што веднаш биле известени српското Министерство за внатрешни работи (МВР) и Безбедносно-информативната агенција (БИА), а било утврдено оти пораките се испратени од иста електронска адреса
По направените проверки и увиди во средните училишта во Белград, српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ изјави дека дојавите за поставени бомби во 23 училишта во српскиот главен град се лажни.
Тој додаде оти училиштата и полицијата реагирале соодветно и брзо, a учениците и вработените во училиштата биле безбедни, јави дописникот на МИА од Белград.
„Припадниците на МВР ефикасно реагираа, а наставата во втора смена ќе се одвива редовно“,
изјави Ружиќ.
Министерот Ружиќ додаде дека по увидот на Министерството за внатрешни работи, учениците сукцесивно се вратиле на настава, а во училиштата чии ученици поради ваквата состојба биле вратени дома, часовите ќе бидат надоместени во наредниот период.
Утринава во 23 училишта во Белград по пат на електронска пошта пристигнале дојави за поставени бомби, за што веднаш биле известени српското Министерство за внатрешни работи (МВР) и Безбедносно-информативната агенција (БИА), а било утврдено оти пораките се испратени од иста електронска адреса.