Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје, изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Институцијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот.
