Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека проблем во гасењето на пожарот кој попладнево го зафати струшки Елен Камен прави и ветерот кој дува преку целиот ден, но оти моментално нема опасност од загрозеност на објекти
Во меѓувреме, командирот на територијалната противпожарна единица – Струга, Фети Мазари, за МИА информира оти не постои опасност од зафаќање на викенд-населбата Елен Камен оти викендиците се на два километри оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината
Шумски пожар попладнево ја зафати околината на Струга, во околината на туристичката населба Елен Камен, во близина на селото Радожда, а како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пожарот е зафатена дабова и нискостеблеста шума.
ЦУК во фејсбук-објава информира дека проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, но оти моментално нема опасност од загрозеност на објекти.
„Но, поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта“,
стои во фејбук-објавата на ЦУК.
Во меѓувреме, командирот на територијалната противпожарна единица – Струга, Фети Мазари, за МИА информира оти не постои опасност од зафаќање на викенд-населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда.
Според него, викендиците се на два километри оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.
По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари, а како што потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на терен се и полициски екипи.