Преку видеоконференциската врска со судот, денеска во судската сала за случајот „Титаник 3“ сведочеше клучниот сведок Ресмије Бислимова, која се наоѓа во Германија.
Случајот се однесува на уништување изборен материјал за локалните избори во Чаир во 2013 година, а обвинети во предметот се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Сведокот Бислимова тогаш била член на изборната комисија во Чаир.
Таа објаснуваше што се случило кога двоецот од ДУИ влегол во канцеларијата каде што се внесувале резултатите од изборните записници.
„Тие неколку пати влегоа и излегоа. Секогаш беа заедно. Прашаа дали може да се направи некоја далавера. Со колешката одговоривме дека не би направиле далавера ниту за нашите родители. По некое време, Ејуп Алими зеде дел од записниците и ги стави под палтото. Бев исплашена многу и не реагирав. Се вратија и ги фрлија записниците на бирото. Не реагирав пак. Беа силни во партијата. Ја затворив устата поради безбедноста на семејството и поради фактот што знам во каква корумпирана држава живееме“,
сведочеше Ресмије Бислимова, јавува Алсат ТВ.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.