Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, изјавија денеска премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина, јавуваат тамошните медиуми.
За време на посетата на Киев, Мете Фредериксен, изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра, со што вкупната воена помош на скандинавската држава ќе се зголеми на 146 милиони евра.
Фредериксен денеска ја посети Бородјанка, предградие на главниот град на Украина, заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез.
„Брод на шпанската морнарица денеска отплови за Полска со 200 тони муниција и опрема. Превезува 30 камиони, неколку специјални возила за тешки товари и 10 помали возила со воен материјал кои ќе бидат пренесени во Украина“,
рече тој.
Порано денеска и американскиот претседател Џозеф Бајден потврди дека САД ќе оддели дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.