Одговарајќи пак на прашање за жртвите цивили во Украина, Лавров рекол дека „имаат свој закон, кој и забранува на војската да го прави она што не е дозволено во рамките на меѓународното право“
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рекол дека веќе започнала нова фаза во војната во Украина и дека таа ќе претставува многу важен момент од целата операција, пренесува Си-ен-ен.
„Оваа операција на исток од Украина има за цел целосно да ги ослободи републиките Донецк и Луганск. Започнува уште една фаза од оваа операција и сигурен сум дека ќе биде многу важен момент од целата операција“,
рекол Лавов во интервју за Индија Тудеј.
На прашањето дали Русија планира да користи нуклеарно оружје, Лавров рекол дека тие информации пристигнуваат од украинската страна, посебно од претседателот Володимир Зеленски и дека Русија во текот на историјата секогаш била против употреба на нуклеарно оружје.
„Никогаш тоа не го ни споменувавме. Кога Советскиот Сојуз и САД во 1987 година, односно Горбачов и Реган одлучиле да имаат посебна одговорност за мир на оваа планета, потпишавме декларација во која стои дека не би можело да има победници во нуклеарна војна и поради тоа истата не смее да биде започната“,
одговорил Лавров.
Одговарајќи пак на прашање за жртвите цивили во Украина, Лавров рекол дека „имаат свој закон, кој и забранува на војската да го прави она што не е дозволено во рамките на меѓународното право“.
Исто така, уште еднаш повторил дека злосторствата во Буча се исценирани.